Шпанскиот гигант Барселона се уште нема донесено ново засилување во тимот, но продолжува да работи на потенцијален трансфер на играчот од средниот ред на Лајпциг, Дани Олмо.
Според каталонското издание „Мундо Депортиво”, германскиот клуб ги информирал челниците на Барса дека се подготвени да го пуштат шпанскиот репрезентативец за 60 милиони евра. Барселона може да си дозволи само еден голем трансфер ова лето.
Во минатата сезона, играчот од средниот ред постигна осум голови и забележа три асистенции во 25 натпревари за Лајпциг во сите натпреварувања.
На ЕВРО 2024, тој постигна три гола и имаше две асистенции на шест натпревари.