Шпанскиот суперталент Гави е главна цел на многу европски фудбалски великани. Англискиот премиерлигаш Ливерпул крои план како да го доведе вундеркиндот на Барселона, Гави. Неговиот договор со каталонскиот гигант истекува во јуни 2023 година, а има откупна клаузула од само 50 милиони евра. Клубот од „Енфилд“ без размислување би ја активирал за да го доведе младиот фудбалер на Островот.

Гави блесна оваа сезона и со своите настапи ја импресионираше цела Европа, па на 17 години веќе е стандарден член на шпанската репрезентација. Барселона веќе започна преговори за продолжување на соработката, но преговорите не одат во добра насока, а Ливерпул тоа сака да го искористи.