Кремонезе е единствениот тим кој нема победа во Серија А сезонава, тие се заковани на дното со девет бода. Денеска беа блиску до првиот триумф, но повторно не успеаа.
Торино поведе со гол на Санабриа од пенал во 41. минута, работите се променија во вториот дел.
По девет минути игра во вториот дел Таџут израмни на 1-1, а Валери во 74. минута погоди за комплетен пресврт и водство на Кремонезе од 2-1.
Сепак, не успеаа да ја сочуваат предноста до последниот судиски свиреж, Синго на десет минути до крајот даде гол и ги постави конечните 2-2.