Францускиот фудбалер Орелен Чуамени е нов играч на Реал Мадрид .
Со актуелниот европски шампион ќе потпише договор на шест сезони.

Тој ќе биде претставен следниот вторник, откако ќе ги помине лекарските прегледи.

https://twitter.com/realmadrid/status/1535586509595762688?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1535586509595762688%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ffudbal%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D06dd%3D11nav_id%3D2169608

Чуамени има 22 години и ја покрива позицијата последен играч за врска.

Дете е на Бордо, од кој во 2020 година се пресели во Монако во трансфер вреден 18 милиони евра.

За тимот од Кнежевството одигра 95 натпревари и постигна осум гола.

Реал за неговите услуги ќе плати точно 80.000.000 евра плус 20.000.000 евра во бонуси.