Екипата на Лацио го совлада Фросиноне со 3-1, со пресврт во второто полувреме. Гостите поведоа од пенал во 57.минута со голот на Суле, но Лацио набрзо направи пресврт.

Кастелјанос израмни во 70.минута, а две минути подоцна Исаксен погоди за 2-1. Третиот гол беше дело на дефанзивецот Патрик во 84.минута од дуелот.

 

 

Лацио прими прв гол, но му одржа лекција на Фросиноне  во продолжението од натпреварот на „Олимпико“.