Наполи после крунисувањето во четвртокот во Удине, дојде пред преполниот свој стадион на шампионска забава и прослава, а Осимен ја збогати со победа со голот од пенал во 71-та минута, откако промаши од белата точка во 48-та минута од натпреварот. За Нигериецот ова е 23-ти гол сезонава и е на четири пред Лаутаро Мартинец во трката за најдобар стрелец сезонава во Серија А.
Македонскиот дијамант Елиф Елмас трет натпревар по ред беше стартер, а денеска играше 84 минути, кога Лучано Спалети го замени со Зербин. Наполи со оваа 26-та победа сезонава дојде до 83 бода, 18 пред вториот Јувентус.
https://twitter.com/Reinaldodcg9/status/1655266439857680384?s=20