Арсенал го победи Њукасл со 0-2 на „Сент Џејмс Парк“ и потврди дека не се откажува лесно во трката за шампионската титула. Сега тимот на Микел Артета има еден бод негатива во однос на Манчестер Сити, но и еден одигран меч повеќе.
Мартин Одегард успеа да донесе водство за „топчиите“ во 14.минута, а во вториот дел Фабијан Шер во 71.минута ја затресе сопствената мрежа.
Но, иако Сити има шанса да исбега на плус четири бидејќи се со меч заостаток, следните две недели за „граѓаните“ се клучни на другиот фронт во ЛШ, па Арсенал сега се надева дека таа посветеност кон европската елита, може да донесе некој кикс, а лондончани повторно да се вратат на врвот, иако во меѓусебните дуели двапати загубија убедливо со 1-4.
Њукасл остана на 65 бода, два повеќе со меч повеќе од четвртиот Манчестер јунајтед, а три пред Ливерпул, но „црвените“ имаат меч повеќе од црно-белите“.