Головите во Рим беа постигнати во второто полувреме, и тоа откако прво Суле погоди за водство на Фросиноне, а тоа ја разбуди машинеријата на Маурицио Сари која преку Кастеланос, Исаксен и Патрик ги постави конечните 3-1.
Во Џенова, Арнаутовиќ му донесе водство на Интер во 42. минута од натпреварот, но само пет минути подоцна Драгусин беше стрелец за 1-1.
Интер останува лидер со 45 бодови во Серија А, по што следи Јувентус со 40 бода, но и одигран еден меч помалку од ривалот.