ПСЖ го растури италијанскиот гигант Милан. Без постигнат гол и со само два бода, Милан се најде на последното место во својата група по три одиграни кола од Лигата на шампионите.
ПСЖ вечерва ја продлабочи кризата на „росонерите“ во елитното натпреварување, совладувајќи ги со 3-0 на домашен терен, па францускиот првак сега е лидер во групата со шест бода. Резутатот го отвори Мбапе во 32. минута, Коло Муани на стартот од вториот ја зголеми предноста на ПСЖ, а Ли Канг во последната минута ги постави конечните 3-0. Милан ќе мора да го победи истиот ривал на домашен терен за две недели за да ги врати шансите за пласман во нокаут фазата,
Причини за задоволство вечерва има и Ерлинг Халанд кој, конечно, успеа да се запише во листата на стрелците во Лигата на шампионите, дури во третото коло. Манчестер Сити славеше на гостувањето кај Јанг Бојс со 3-1, а норвешкиот репрезентативец два пати ја тресеше мрежата на противникот и сега е на бројката од 37 гола во елитното натпреварување. Европскиот првак го скрши отпорот на Јанг Бојс дури во второто полувреме, со голот на Аканџи, израмни Елија, а потоа на сцена стапи Халанд со двата гола.
Исклучително важна победа оствари Борусија Дортмунд која славеше на гостувањето кај Њукасл со 1-0, благодарение на голот на Нмеча пред крајот на првото полувреме. Премиерлигашот беше далеку подобар противник, имаше многу шанси за гол, но не искористи ниедна.
Барселона – Шахтер 2-1
Феенорд – Лацио 3-1
Антверп – Порто 1-4
Селтик – Атлетико 2-2
Њукасл – Борусија Дортмунд 0-1
ПСЖ – Милан 3-0
Лајпциг – Црвена Звезда 3-1
Јанг Бојс – Манчестер 1-3