Нкетија го отвори резултатот во 13. минута, по што Вернер израмни на 1-1. До крајот на првиот дел паднаа уште два гола, и тоа Смит Роув стрелаше за 2-1, по што Аспиликуета погоди за 2-2.
Во вториот дел Челси продолжи со грешките во одбраната, а тоа го казни Нкетија во 57. минута (3-2), а победата на Арсенал ја запечати Сака во 92. минута.
Њукасл го доби мечот против Кристал Палас со 1-0 со голот на Алмирон, додека Евертон одигра 1-1 против Лестер.
Челси има 62 бода на третата позиција, додека четвртото место го делат Тотнем и Арсенал со по 57 бода.