Македонскиот репрезентативец Иван Тричковски, “кралот“ на головите на Кипар е еден од најдобрите интернационалци. Капитенот на АЕК Ларнака и оваа сезона ја одигра во врвна форма, беше најдобар во својот тим, како според игрите така и според головите.
Македонецот и оваа сезона беше избран во најдобриот тим на сезоната. Така беше и во минатите сезони, така е и во оваа.
Тричковски едноставно влезе во историјата на АЕК Ларнака и во историјата на фудбалот на Кипар.