Англискиот и европски шампион Манчестер Сити имаше одлично стартуваше во новата сезона во Премиерлигата откако со убедливи 3-0 славеше на гостувањето кај Барнли,Норвешката гол машина Ерлинг Халанд постигна два гола.
Норвешкиот напаѓач на самиот старт од натпреварот најави дека пред него е уште една спектакуларна сезона. Халанд во четвртата минута на асистенција од Родри погоди за водство на Манчестер Сити од 1-0.
Во 36. минута Халанд постигна убав гол, а асистираше Алварез. Со водство од 2-0 за Сити се замина на полувремето.
Конечните 3-0 за Манчестер Сити ги постави Родри со гол на 15 минути до крајот.
Во самиот финиш од мечот Зарури доби директен црвен картон поради опасен старт.