Второто место не беше доволно, Марко Розе го напушти кормилото на Борусија Дортмунд, која не чекаше многу за да именува нов тренер .
Тоа ќе биде Един Терзиќ, како што и се најавуваше во претходниот период.
Един Терзиќ своевремено соработуваше со Славен Билиќ, а потоа по добивањето лиценца пристигна во Германија каде работеше во Борусија Дортмунд, а извесен период беше замена за Лусијан Фавр до крајот на сезоната кога успеа да го освои Купот на Германија.
Но, тогаш тој не можеше да ја убеди управата на клубот дека е вистинското решение, но затоа сега потпишан е договор, се е обелоденето од клубот и официјално – Един Терзиќ е новиот тренер на Борусија.
Неговиот договор ќе трае до јуни 2025 година.