Гостите преку Диакаби дојдоа во водство од 0:1, но домашниот тим преку Ен Несири го израмни резултатот во 70.минута. Десет минути подоцна Севиља остана со играч помалку откако Баде доби црвен картон.
Тоа го искористија гостите кои преку Гуера во 89.минута постигнаа гол за победа.
Интересно е тоа што судиското продолжение траеше дури 13 минути.