Станува збор за поранешен фудбалер на Баерн Минхен, Интер, Базел, Стоук и Ливерпул, кој беше во центарот на скандал на Мундијалот во Русија во 2018 година, кога на мечот против Србија славеше со провокативно „летање орли“.
Токму поради тоа, северните соседи најмногу ликуваат поради преселбата на Шаќири во Чикаго, кој според статистиката е втор најголем српски град во светот. Во „градот на ветровите“ живеат 300.000 жители кои се сметаат за Срби, поради што се очекува „пеколен“ пречек за Швајцарецот со албански корени на средбите што ќе ги игра за „огнените“ од Чикаго.