Македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов не успеа да реализира пенал, а неговиот тим е елиминиран од Купот на Полска. Пјаст Гливице загуби на пенали од Горњик Забже (2-4) откако по 120 минути немаше голови на овој дуел.
Костадинов влезе на теренот како резерва во 72.минута.
Пјаст Гливице се наоѓа на 12. место на табелата во полскиот шампионат и ќе се бори за опстанок до крајот на сезоната, а сега доживеа елиминација и од Купот.