Кристал Палас во спектакуларен меч со седум гола го победи Вест Хем во лондонската пресметка на „Селхаст парк“ (4-3), за да го прескокне мизерниот Челси и да ги турне „сините“ на 12-то место, а „чеканите“ да ги остави во тесната битка за опстанокот со пет бода над опасната зона.
Иако Вест Хем прв поведе со гол на Томас Соучек по само девет минути игра, Кристал Палас набрзина направи пресврт, па Џордан Ају израмни во 15-та, Вилвред Заха донесе прво водство во 20-та, а Џефри Шлуп ја зголеми предноста во 30-та.
Марко Антонио во 35-та на асистенција на Соучек го врати Вест Хем во мечот, но пресуди голот од пенал на Еберечи Езе во 66-та. До крајот „чеканите“ само погодија третпат за минимален пораз на крајот преку Најеф Агерд по втора асистенција на Сучек.
Вест Хем, кој ќе игра полуфинале во Конференциската лига, остана на 34 бода на 15-то место, пет повеќе од најблискиот ривал од зоната за испаѓање Лестер, а шест од претпоследниот Нотингем Форест. Кристал Палас со десеттиот сезонски триумф дојде до 40 бода на 11-та позиција, еден над Челси.