Без разлика што целиот тим на „ѓаволите“ не игра добро, најмногу јавноста се фокусира на фактот што 37-годишниот ветеран го изедначи личниот рекорд во неефикасност со шет натпревари по ред во кои не постигнал гол. Такво нешто последен пат му се случило дури во 2010 година.
„Ми треба максимален учинок од Роналдо. Очигледно тој треба да постигнува повеќе голови. Создаваме многу шанси, но не постигнуваме доволно голови. Но, мора да напомена, дека не се работи само за Кристијано“, изјави Рангник.
Манчестер Јунајтед следниот меч го игра утре против Саутемптон (13.30 часот), што ќе биде одлична можност Роналдо да стави крај на голгетерскиот пост.