Давид Алаба во 12. минута погоди за 1-0, по што Будимир една минута подоцна израмни на 1-1, но сепак до крајот на првото полувреме Асенсио стрелаше за 2-1.
Во вториот дел не се прослави Карим Бензема, кој промаши два пенали, но сепак Лукас Васкез во завршницата ја потврди победата на шпанскиот гигант (3-1).
„Кралевите“ имаат 78 бодови, односно 17 повеќе од Атлетико Мадрид и 18 повеќе од Барселона и Севилја.