Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз со победа од 3-0 во сетови против 21-годишниот Марк Лајал од Естонија стартуваше на гренслемот во Вимблдон.
Алкараз наиде на голем отпор во првите два сета, односно првиот мораше да го решава во тај-брејк со 7-3, додека во вториот беше подобар со 7-5, додека во третиот ја презеде контролата на мечот и со убедливи 6-2 се пласира во следната рунда.
Шпанецот во следното коло ќе игра против победникот од мечот меѓу Вукиќ и Офнер.