Новак Ѓоковиќ кршеше рекети, но на крај го доби Руне. Во неверојатен дуел и со уште една тешка победа во кариерата, Новак Ѓоковиќ го отвори завршниот АТП Мастерс кој се одржува во Торино.

Србинот во тричасовната војна против Данецот Руне победи со 2-1, по сетови 7-6 (4), 6-7 (1), 6-3 и со овој триумф го обезбеди првото место на крајот од сезоната – по рекорден осми пат во кариерата.

Дуелот беше изедначен, се играше гем за гем, а Новак тотално ги загуби нервите во третиот сет кога имаше предност од 2-0, но го загуби брејкот. Кога замина на своето столче, крвнички искрши два рекета, глетка која е ретка во неговата кариера. Руне израмни на 2-2, но Ѓоковиќ брзо се врати со три гема во низа за водство од 5-2, и тука беше крајот.

Снимката од инцидентот на Ноле може да ја видите на овој линк.

https://twitter.com/i/status/1723836967488463149