Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Ван Ријтховен со 3-1 во сетови, односно 6-2, 4-6, 6-1 и 6-2 и така избори место во четвртфинале на Вимблдон.
Ѓоковиќ со два брејка во првиот сет стигна до 6-2, по што Ван Ријтховен се врати во игра и израмни на 1-1 во сетови (4-6).
Србинот во третиот сет доминираше и го уништи ривалот со 6-1, додека во последниот сет славеше со 6-2.
Поранешниот прв рекет во четвртфинале ќе игра против Јаник Синер, кој беше подобар од Карлос Алкараз со 3-1 во сетови.