Хрватската кошаркарска репрезентација не ја искористи големата шанса да се најде во следната квалификациска фаза за место на Светското првенство 2023 година. Во неверојатна завршница Финска успеа да слави со 79-81 и како третопласирана селекција оди во втората рунда.

Кошаркарите на Хрватска го имаа мечот во свои раце, во финишот имаа позитива од пет коша, противникот успеа да се врати и да победи. Зубац беше трагичар ги промаши слободните фрлања за продолжение.

Инаку првото полувреме им припадна на Финците кои имаа предност од 12 разлика, по одморот Хрватска заигра на високо ниво со серија од 14-0 го превзема водството, но за жал не успеа да слави.

Марканен со 19 поени го предводеше составот на Финска, на другата страна Богдановиќ и Зубац запишаа по 21 поен.