Дефанзивецот на холандски Феенорд, Тајрел Маласија, ќе биде ново засилување во дефанзивата на Манчестер Јунајтед. Според најновите информации, 22-годишниот репрезентативец на Холандија го поминал првиот дел од лекарските прегледи во англискиот клуб, а денеска ќе биде комплетиран и останатиот дел од лекарските прегледи, по што ќе биде потпишан и договорот за трансфер.

Претходно стана јасно дека Манчестер Јунајтед го договорил трансферот на Маласија за 15 милиони евра, плус 2 милиони во форма на бонуси и ќе потпише договор на 4 + 1 година.