Најкорисниот НБА кошаркар од минатата сезона, Жоел Ембид од Филаделфија и кошаркарот на Минесота, Карл Ентони Таунс ја одбележаа вечерта во НБА лигата со своите спектакуларни изданија против Сан Антонио и Шарлот.

 

Ембид постигна 70 поени во победата против Сан Антонио Спарс со 133-123, соборувајќи го и личниот и рекордот на франшизата. Досегашниот најдобар ефект на Сиксерс изнесуваше 68 поени и го држеше легендата Вилт Чембрлен од 16 декември 1967 година, додека рекордот на Ембид беше 59 поени. Камерунецот со американски пасош погоди 24 од 41 шут од игра, 21/23 од линијата за слободни фрлања, а додаде уште 18 скока, пет асистенции и една блокада. Пред него, 70 или повеќе поени на натпревар успеале да постигнат: Чембрлен, Коби Брајант, Дејвид Томпсон, Демијан Лилард, Елџин Бејлор, Дејвид Робинсон, Донован Мичел и Девин Букер. На спротивната страна се истакна Виктор Вембанјама со 33 поени.

 

Таунс го заврши натпреварот против Шарлот со 62 поена, но Минесота сепак го загуби овој дуел со 125-128. И Таунс го собори личниот и рекордот на франшизата, но ова не е првпат тој да ја помине границата од 60 поени на еден натпревар. На 14 март 2023 година против Сан Антонио постигна точно 60, а синоќа стана само седмиот играч во историјата на НБА кој повеќе од еднаш постигнал 60 или повеќе поени. Таунс беше спектакуларен со шутот од дистанца бидејќи погоди 10 тројки од 15 шута.