Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ е во полуфинале од Австралија Опен откако утринава, по голема борба го елиминирa Тејлор Фриц од САД со 3-1 (7-6, 4-6, 6-2, 6-3).
Дуелот траеше 3 часа и 48 минути, а особено долги беа првите два сета кои траеа повеќе од 2:30 часа. Во нив Ѓоковиќ испушти 15 брејк-топки, а Фриц го искористи тоа за да добие еден од двата сета и да го направи максимално интересен и драматичен дуелот.
Во продолжение од мечот доминираше српскиот тенисер, во третиот сет рано направи брејк и поведе со 3-0, а во четвртиот, одлучи осмиот гем за предност на Ѓоковиќ од 5-3 по што само рутински ја постигна победата. На крајот одлучија 39. неизнудени грешки на Фриц иако тој имаше и 11 винери повеќе од противникот. Ова е трет пат на турнирот во Мелбурн, Новак да победува со 3-1 и да остане на теренот околу четири часа.
Противник на Ѓоковиќ во полуфиналето ќе биде подобриот од дуелот меѓу Синер и Рубљев, но веројатно ќе го добие рано изутрина по локално време бидејќи мечот на овие двајца тенисери нема да почне пред 23 часот во Мелбурн.