Андреј Рубљов го освои тенискиот турнир во Белград откако во големото финале го совлада првиот фаворит и миленикот на домашната публика, светскиот рекет бр.1 Новак Ѓоковиќ.
Рускиот тенисер славеше во три сета со 6-2, 6-7 и 6-0. За Рубљов ова е трета сезонска титула, а вкупно 11-та во кариерата.
Интересен беше моментот пред самиот старт на мечот, кога наместо фрлање паричка, тенисерите се бореа за сервис со кршење јајца поради православниот Велигден.