Германија триумфираше со убедливи 35-28 против Унгарија и остана со шанси за полуфинале на Европското првенство во ракомет.
Унгарија во поголемиот дел од првото полувреме имаше водство, а Германија во финишот успеа со неколку гола по ред да направи пресврт (18-17).
Германците во второто полувреме го диктираа темпото и не ѝ дозволија на Унгарија да ја врати неизвесноста, со што запишаа убедлива победа од 35-28.
Кестер беше најефикасен во редовите на Германија со осум голови, додека Анцин постигна шест за Унгарија.
Германија се наоѓа на втората позиција со пет бодови, додека по четири имаат Унгарија и Австрија.