Нашиот ракометен селектор Кире Лазаров даде интервју за хрватски Индекс за неговите видувања за досегашниот тек на Европското ракометно првенство.
Разговорот е веднаш после натпреварот Хрватска и Исланд. Пренесуваме дел интервјуто.
Чуден натпревар одиграа Хрватска и Исланд. Двете екипи влегоа во натпреварот целосно исцрпени поради бројните отсуства поради короната. Дали мислите дека победи оној кој беше помалку уморен?
Секако. На ова првенство не важат правила и нема регуларност. Невозможно е да се процени нечија сила и да се даде вистинска слика за силата на тимот, со оглед на тоа што некој порано или подоцна ќе западне во неволја со короната.
Чудно е што само Данците ги немаат овие проблеми. Хрватска не се предаде ниту кога губеше со 10:5 од Исланд, а тоа особено ми се допадна. За време на турнирот имаше многу критики за Хрватска и со оваа победа момците покажаа карактер. Заслужена победа.
Како би го оцениле настапот на Хрватска на првенството?
Мислам дека Хрватска е на добар пат. Имаше многу различни изданија. Хрватска во најголем дел изгледаше добро, а единствено слабо издание беше она против Црна Гора. Немаше доволно почит кон Црногорците крајниот резултат беше незибежен пораз.
Селекторот Хорват многу ја подмлади репрезентацијата. Ги нема Карачиќ, Штрлек, Шего. Како гледате на тоа?
Хрватскиот ракомет отсекогаш имал добра стратегија и затоа мислам дека сега ова е добар правец. Се појавија некои нови и млади играчи кои покажаа квалитет. Секоја генерациска промена треба да се издржи, треба да се биде трпелив и да се работи многу напорно. Не заборавајте дека ви недостасува еден Домагој Дувњак.
Со него на теренот Хрватска е 50 отсто посилна. Важно е да имате широк избор на играчи и национална гордост, а тоа е предуслов за успех.
Македонија резултатски потфрли. Колку короната е виновна за тој неуспех?
Се впуштивме и во процес на подмладување на репрезентацијата. На последниот тест пред заминувањето на европското дури седум многу важни играчи беа позитивни, а поради повреди останавме без тројца важни играчи (Манасков, Марковски, и јас). Така малерот со ковид не натера, сакале или не да играме со децата.
Имав шест играчи со 20 години во составот и повторно бевме на исто ниво со Словенија и Црна Гора до 59. минута. Но не вреди сега да плачиме. Во денешно време секој различно ја толкува секоја ситуација, начинот на кој реагира и според тоа каде гледа интерес. Најважно е да не ја изгубиме главата во овој хаос. Мора да ја прифатиме ситуацијата и да гледаме напред.
Кого гледате во финалето, а кого го гледате како фаворит за злато?
Данците играат навистина добро. Тие се моќни, силни и се поминува без никакви проблеми. Французите добро се држеа, но мислам дека паднаа. Секоја репрезентација освен Данска имаше многу проблеми во различни периоди и затоа мислам дека ова првенство е чудно и нерегуларно.