Ракометарите на Црна Гора и на Босна и Херцеговина не го отворија најдобро учеството на Европското првенство во Унгарија.
Данците убедливо ја совладаа Црна Гора со 30:21, а девет гола разлика беше најголемата предност на натпреварот.
Но, вреди да се напомене дека, условно кажано, гостите на оваа средба беа десеткувани поради зарази со коронавирус и повреди.
Микел Хансен се истакна со 10 гола, додека Гидсел имаше пет. На другата страна најдобар беше Бранко Вујовиќ со осум гола.
Во првиот термин од групата А Словенија беше подобра од Македонија со 27:25.
Кога станува збор за БиХ, Шведска беше подобра со 30:18.
Најефикасни беа Ване со шест, и Клар со пет, додека Буриќ имаше четири во редовите на противниците.
Пред овој меч во групата Е играа Шпанија и Чешка, а „Црвената фурија“ славеше 28:26.
Во преостанатите два меча Холанѓаните го изненадија домаќинот Унгарија со 31:28, додека Норвешка ја оправда улогата на фаворит против Словачка 35:25.