Кошаркарите на белградски Партизан загубија од Виртус Болоња (69-70) во натпревар од петтото коло на Евролигата, носејќи големо разочарување за многуилјадната публика во белградската „Штарк Арена“.
Тимот на Жељко Обрадовиќ одигра солидно прво полувреме и водеше со 37-32 на паузата, а во сличен стил го отвори и третиот период.
Гостите не се предаваа и се одржуваа во егал, додека Партизан се обидуваше да го даде финалниот удар, но никако не успеваше во намерата. Обрадовиќ беше лут и повика тајм-аут при резултат 69-70, но неговите играчи погрешија и ја загубија топката. Виртус имаше половина кош предност, но погреши во додавањето и Никилина ја имаше последната шанса. Сепак, Французинот од чиста позиција за три поени го промаши целиот кош. Партизан го доживеа третиот пораз, а во следното коло ќе има дуел со Монако, пред своите гледачи во Белград.
Најефикасен во победничкиот тим беше одличниот Вил Клајбурн со 27 поени, додека кај Партизан 20 поени постигна Тајрик Џонс.