Шпанските ватерполисти станаа светски шампиони, откако беа подобри од Италија по изведување на пенали со 15-14, откако во регуларниот дел резултатот беше 9-9.

Ватерполистите на Шпанија беа во водство од два гола во последната четвртина, по што Италија успеа да се врати и да избори пенали, меѓутоа Шпанците беа подобрри во пенал-рулетот.

Ова за Шпанците е одмазда за 2019 година, кога Италија ги совлада и стана светски шампион. Третата позиција ѝ припадна на Грција која беше подобра од Хрватска со 9-7.