Црногорските ватерполисти се пласираа во четвртфиналето на Европското првенство во Сплит.
Избраниците на Владимир Гојковиќ во осминафиналето ја победија Романија со резултат 13:8 (2:3, 4:2, 3:2, 4:1) и во четвртфиналето ќе играат со Унгарија.
Капитенот Марко Петковиќ ги предводеше „ајкулите“ до победата. Богдан Ѓурѓиќ постигна три гола, а Константин Аверка и Алекс Укропин имаа по два.
На другата страна Андреј Неамту беше најдобар со три гола, а ниту еден играч немаше повеќе од еден.
За вторник се закажани четвртфиналните натпревари, а Црна Гора од 15 часот ќе го игра својот натпревар со Унгарија.
Европско првенство, осминафинале
Црна Гора – Романија 13:8 (2:3, 4:2, 3:2, 4:1)
16:30 Грузија – Холандија
19:00 Грција – Израел
20:30 Франција – Србија
* Унгарија, Хрватска, Шпанија и Италија се веќе во четврт-финалето