Хрватската атлетичарка Сандра Перковиќ шести пат по ред стана европска шампионка, нешто што досега не сме го виделе.
Овој пат беше најдобра на ЕП во Минхен, каде за златниот медал беше доволно фрлање од 67,95 метри.
Пред тоа, таа славеше во 2010, 2012, 2014, 2016 и 2018 година на европски ревии.
Тој обид дојде во петтата серија, а таа имаше само уште еден успешен обид кога во втората серија исфрли 65,77 метри.
Ова е втор златен медал за Хрватска на ова Европско првенство. Првиот го освои Филип Михаљевиќ во фрлање ѓуле, додека Матеа Парлов Костро го освои сребрениот медал во маратонот.