Ватерполистите на Унгарија нема да ги обединат европската и светската титула бидејќи денеска доживеа сензационална елиминација во четвртфиналето од Мундијалот што се одржува во Катар.
Во последниот четвртфинален дуел, Унгарците загубија од Франција со 10-11 иако на полувреме водеа со 7-3. Во вториот дел се разбрани голманот на французите Иго Фонтани кој почна да прави чуда на голот, па по третата четвртина намалија на 6-8.
Во драматичниот финиш, Франција израмни и на 10-10, а победничкиот гол, на четири секунди пред крајот го постигна Томас Верну.
Ова е најголем успех за Франција на светските првенства каде лани беа шести, но најголемите успеси во овој спорт, „триколорите“ ги остварија пред речиси еден век. На Олимписките игри во 1924 го освоија златото, а во 1927 година беа европски вицешампиони. Оттогаш не би биле ни блиску до ваков успех. Во полуфиналето, Франција ќе игра со Хрватска која ја победи Србија со 15-13. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Шпанија и Италија.