Српските ватерполисти доживеаја еден од најтешките порази во поновата историја, од репрезентацијата која го освои последниот медал пред речиси 100 години.
Србија загуби во осминафиналето на ЕП од Франција со 10:9.
Еден од креаторите на големиот успех на „триколорите“ е поранешниот хрватски ватерполист и поранешен играч на Југ, Вјеко Кобешчак.
Кобешчак е помошник на селекторот Флоријан Бруз, но во пракса е клучниот човек на француската репрезентација.
„Колку и да бевме добри, секако дека и Србија ни подаде рака во тоа. Тоа не е Србија што ја знаеме сите заедно. Од другата страна е мојот пријател Дејан Савиќ, а тоа морам да признаам колку и јас да сум среќен за себе, жал ми е за него. Мислам дека тој е тренер кој заслужува многу повеќе од ова и кој ќе најде начин да го подигне својот тим од оваа позиција“, изјави Кобешчак.