ФИБА Европа се огласи после жалбата на литванската репрезентација на судиската одлука на натпреварот против Германија.

Литванците загубија со 109:107, по две продолженија, па по три кола се без ниту една победа.

На натпреварот против домаќинот Германија во Келн, на крајот од третата четвртина, судиите пропуштија да и доделат уште едно слободно фрлање на Литванија по техничката грешка на германскиот селектор Гордон Херберт.

„Жалбата не може да се прифати бидејќи причините за протестот се поднесени по предвидениот рок од 60 минути по завршувањето на натпреварот. Наведената причина не е една од причините поради кои може да се поднесе жалба“, објави ФИБА Европа.

Оваа објава на ФИБА јавно ја коментираше најдобриот играч на Литванија од натпреварот со Германија, НБА центарот Јонас Валанчунас.

„Не знам што да кажам кога судиите ќе заборават да ви дадат слободно фрлање. Како е тоа воопшто можно, тоа е средношколска кошарка“, рече Валанчиунас.

Во четвртото коло Литванија мора да ја победи Унгарија, додека Германија го игра дербито во групата со  Словенија.