Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во второто коло на турнирот од серијата 250 во Аделаида, откако утрово беше подобар од Констант Лестијен од Франција со 2-0 во сетови, односно 6-3 и 6-2.
Ѓоковиќ немаше проблеми против 65. тенисер во светот, па го реши за само 75 минути. По воведното возбудување, Србинот го засили темпото во шестиот гем на првиот сет и до крајот го контролираше натпреварот.
„Мило ми е што се вратив во Австралија, ви благодарам на сите“, кажа Ѓоковиќ.