Најдобриот македонски тенисер, Калин Ивановски, уште на стартот го заврши настапот на челинџерот во Скопје. Денеска загуби во дуелот со Хрватот, Дино Призмиќ (4-6, 1-6).
Нашиот тинејџер ја имаше поддршката од домашната публика, но ниту тоа не беше доволно да дојде барем до сет против далеку подобро рангираниот противник, кој за повеќе од стотина места е пред него на АТП-листата. Првиот сет мина во израмнета борба, Калин спаси три брејк-топки при 4-5 и 0-40, но нашиот ас потклекна во клучните моменти и на крајот го загуби сетот со 4-6. Ивановски потоа имаше две шанси за брејк при 1-1 во вториот сет, не ги искористи, по што Призмиќ целосно доминираше до крајот на мечот, добивајќи ги сите пет следни гемови.
За Ивановски ова е прв настап на турнир со награден фонд од 75.000 долари, каде што конкуренцијата е далеку поквалитетна, поради што и покрај поразот стекнатото искуство е голем плус за македонскиот тенисер.