Њукасл и Лестер ремизираа без голови на „Сент Џејмс Парк“, а тоа беше златен бод за домашниот тим кој по пауза од цели 20 години успеа да се пласира во Лигата на шампионите.
Лестер е во опасната зона, но овој бод му дава надеж за опстанок во последното коло. „Лисиците“ ќе треба да победат дома против Вест Хем и да чекаат Евертон да не успее да победи против Борнмут пред своите гледачи.