Брентфорд на фантастичен начин ја започна 2023 година, откако на домашен терен го изненади и победи фаворизираниот Ливерпул (3-1), што беше шести меч по ред во Премиер лигата во кој освојуваат бодови.

Домаќинот блескаше во првото полувреме, по кое имаше водство со 2-0 со автоголот на Конате во 19. минута (види ТУКА) и погодокот на Виса во 42. минута, а кое можеше да биде поубедливо со оглед што му беа поништени уште два гола.

 

Гостите од „Енфилд“ силно нападнаа во продолжението, па прво на Нуњез во 48. минута му беше поништен погодок, но две минути подоцна Окслејд-Чембрлен ја намали негативата и најави пеколно второ полувреме. Ливерпул потојано напаѓаше, но без поголеми шанси, за Брентфорд во финишот да искористи уште една грешка на Конате па преку Мбуемо да го постави конечниот резултат.

„Пчелите“ со овој триумф стигнаа до седмата позиција на премиерлигашката табела со 26 бодови, само два помалку од вечерашниот ривал, кој остана шестопласиран.