Леонардо Бонучи, стоперот на Јувентус бесно им вика на соиграчите среде соблекувалната.
“Момци, ние сме ужасни! Ние сме страшни! Не можеме да играме вака ако сакаме да го освоиме Скудетото! Не можеме да играме толку очајно кога ја имаме топката! Со ваква игра нема шанси да го освоиме Скудетото, ку.ац! Колку е важно да се победи оваа утакмица! Помина една година! И секогаш е некој друг крив и секогаш чекаме друг пат! Што к.р? Ајде да преземеме одговорност и да го прифатиме вината за оваа посрана игра!“ вика Бонучи кој со сета сила го шутна контејнерот со опремата.
За ова сите молчат, а само Кристијано Роналдо на крајот вели: „Во право е“.
Ова е сцена која протече од документарниот филм на Амазон, Јувентус: Сè или ништо, кој внатре ја прикажува минатата сезона на Јувентус. Урлањето на Бонучи кон соиграчите се случува на полувремето од натпреварот против слабиот Беневенто, при резултат 0:0, кога беше јасно дека Јуве, по прераното испаѓање од Лигата на шампионите, по девет последователни Скудета останува без титула во Италија.