Фудбалската репрезентација на БиХ ремизираше 1: 1 во Украина, во натпревар од квалификациите за Светското првенство , кој беше директна битка за пласман на второто место во групата кое води во бараж .
И Украина и Босна и Херцеговина во саботата ги остварија своите први победи во квалификациите, па двата меѓусебни дуели за многумина беа карактеризирани како натпревари во кои ќе се одлучи дали Украина или Босна и Херцеговина ќе го заземат второто место на табелата и ќе одат во баражот за Светското првенство.
Украина поведе во 15 минута по центаршутот на Циганков од лево, Андриј Јармоленко истрча од втор план и рутински го совлада Ибрахим Шехиќ. По шокантниот почеток селекцијата на БИХ се созеде и како одминуваше времето играше се подобро и успеа да создаде одлични шанси пред голот на Пјатов , но украинскиот голман беше поуспешен во дуелите со Налиќ , Превљак и Џеко .
Сепак, во 77. минута избраниците на Ивајло Петев одиграа одлична акција. Колашинац додаде на Прчиќ кој го пронајде Стевановиќ кој пак испрати одлична топка до Анел Ахметхоџиќ , а дефанзивецот на Малме со прекрасен удар ја затресе мрежата на домашниот тим на радост на Босанскиот тим .
До крајот немаше промена на резултатот, па натпреварот заврши со резултат 1: 1 , па сега репрезентацијата на БИХ се најде во доста поволна ситуација за освојување на второто место во групата .
ВИДЕО
https://www.youtube.com/watch?v=2ozM2k1ejIU