Поранешниот хрватски капитен Дарио Срна будно ги следи настаните во Украина. Срна моментално ја извршува функцијата спортски директор на Шахтјор од Доњецк, каде порано беше капитен. Во своите јавни настапи тој често истакнува дека Украина е неговата втора татковина, па не чуди што секојдневно пишува на социјалните мрежи за Украина. Тој денеска сподели две фотографии од уништениот фудбалски стадион во Чернихив, кој е под жестоко гранатирање.
Станува збор за стадионот на украинскиот прволигаш ФК Десна од Чернихив. Стадионот некогаш беше именуван по Јуриј Гагарин, можеше да прими 12.060 гледачи и имаше 5.500 седишта. Изграден е во 1936 година а сега е уништен и неупотреблив.