Јоаким Меле беше стрелец на победничкиот гол за Данците во 53.минута. Оваа селекција има перфектен ефект досега во квалификациите со осум победи на осум натпревари со гол разлика 27-0.
Во дербито на групата И, Англија и Унгарија ремизираа 1-1 на „Вембли“. Гостите први поведоа од пенал преку Роланд Салаи во 24.минута, но Џон Стоунс успеа да израмниа во 37.минута.
Португалија немаше проблеми против Луксембург и славеше со убедливи 5-0. Хет-трик постигна Кристијано Роналдо.