Мечот помеѓу селекциите на Албанија и Полска е прекинат! Судијата им нареди на играчите да одат во соблекувалната по ситуацијата што се случи непосредно по голот на Карол Швидерски за 1-0 за Полска. По 15 минути судијата им нареди на играчите да се вратат на теренот.

Тоа беше 77. минута од натпреварот помеѓу Полска и Албанија, кога Матеуш Клих испрати одличен центаршут од десната страна на теренот ,а Карол Швидерски го совлада албанскиот голман со одмерен удар од неколку метри и ја доведе полската репрезентација во водство со 1-0 . СП 2022 со Албанија. Потоа почнаа да се случуваат скандалозни работи.

Албанските навивачи, собрани на трибините зад голот на Бериша, почнаа да фрлаат шишиња и други предмети кон полските играчи. Имајќи предвид дека десетина минути претходно го правеа истото кога Пјотр Зиелиски изведуваше удар од аголот, судијата одлучи да го прекине натпреварот. Играчите отидоа во соблекувалната , a судијата и делегатот на натпреварот сепак после 20 минутниот прекин одлучија натпреварот да се доигра .

https://twitter.com/i/status/1448021184742924288