Каталонскиот гигант Барселона и италијанскиот калчолигаш Јувентус се заинтересирани за ангажман на Пјер Емерик Обамејанг. Габонецот не е во плановите на менаџерот Микел Артета, а тоа сакаат да го искористат двата клуба.
Јуве и Барса би го сакале Обамејанг на позајмица до крајот на сезоната. Сепак, најголема пречка е неговата голема плата. Тој во Арсенал заработува 350.000 фунти неделно, што не можат да си го дозволат заинтересираните клубови.