Европскиот првак Манчестер Сити со победа над Црвена Звезда од 3-1 ја започна одбраната на титулата во Лигата на шампионите.
„Граѓаните“ доминираа на дуелот на „Итихад“ на кој испратија скоро 40 удари и сосема заслужено дојдоа до победа иако имаа шокантен резултат на полувреме. „Црвено-белите“ успешно се бранеа и ја дочекаа својата шанса во 45 минута и тоа преку Букари кој го матираше Едерсон.
Сепак оваа негатива не донесе паника во домашните редови кои по паузата лесно ги вратија работите на свое место, Алварез до 60 минута даде два гола за пресврт од 2-1, а во 73 минута Родри со мајсторски гол ги потврди трите бода.