Ајнтрахт Франкфурт триумфираше со 2-1 против шкотски Абердин на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, додека победа оствари и Легија против Астон вила во Варшава со 3-2 во Конференциската лига.
Двете екипи во Франкфурт понудија возбудлив фудбал од самиот старт, а првиот гол го постигнаа домаќините во 11. минута преку Мармуш од пенал, додека Абердин израмни во 22. минута преку Полвара.
Миовски беше во игра до 56. минута, по што тренерот реши да го замени со Дјук, а само неколку минути подоцна Коч погоди за водство од 2-1 на Франкфурт и со тоа ја потврди победата на бундеслигашот.
Премиерлигашот Астон вила имаше пеколно гостување во Варшава и загуби од Легија со 2-3. Два гола за победничкиот тим постигна Мучи, додека Взолек погоди еднаш, а екипата од Бирмингем стрелаше преку Дуран и Дињ.
Холандскиот АЗ Алкмар имаше одлични први 45 минути во Мостар и водеше со 3-0 со головите на Ван Бредерод, Мијнанс и Де Вит, но босанската екипа режираше неверојатен пресврт со погодоците на Кожуљ (два гола), Чорлука, Хрвановиќ.
Останати резултати:
Фенербахче – Нордсјеланд 3-1
Ференцварош – Чукарички 3-1
Генк – Фиорентина 2-2
ХЈК – ПАОК 2-3
Лудогорец – Спартак Трнава 4-0