Фудбалерите на Баерн Минхен ја совладаа Барселона со 3:0 и со тоа ги оставија Каталонците без пласман во осминафиналето на Лигата на шампионите.

Баварците иако мечот од последното коло од групата Е го одиграа без резултатско значење за нив пред празни трибини, тоа не им пречеше да го остварат четвртиот последователен триумф против Каталонците.

Избраниците на Џулијан Нагелсман со максимален учинок ја завршија групната фаза и се пласираа понатаму со 18 бодови.

На Барселона за осминафинале и беше потребна или  победа на Алијанц Арената или  неуспех на Бенфика на домашен терен против киевски Динамо.

Ниту едно од овие сценарија не се случи, а Блауграна првпат по 2000 година остана без нокаут фаза.

Солидно делуваа во поголемиот дел од првото полувреме во Минхен, но целосно ги пресече голот на Томас Милер во 34. минута.

Германскиот репрезентативец шутираше со глава, го измами Тер Штеген, а топката за малку ја мина линијата од голот само колку да го активира часовникот на раката на Хацеган – Романецот покажа на центарот.

Баерн само девет минути подоцна ја удвои предноста, а стрелец овојпат беше Лерој Сане. Шутираше од далечина, топката имаше чудна траекторија и така го измами недоволно добриот Тер Штеген.

Во продолжение, во 62. минута по левата страна се проби Алфонсо Дејвис, додаде до Џамал ​​Мусиала, кому не му беше тешко да го совлада Тер Штеген.

Сане во финишот можеше да стигне до уште еден гол, но не го искористи зицерот пред Тер Штеген, па резултатот остана 3:0.

https://www.youtube.com/watch?v=M0VkbZPIIVQ

Во вториот натпревар од групата, Бенфика го направи тоа што требаше – го совлада Динамо Киев со 2-0.

Украинците можеа да го шокираат Лисабон на стартот од дуелот, но Циганков прописно се посрамоти, практично промаши празен гол.

Казната стигна во 16. минута, кога по добрата акција на Силва и Марио, Роман Јаремчук ја погоди мрежата на гостите.

Само шест минути подоцна, Жилберто имаше среќа, топката се одби од играч на Динамо, стигна до него, а тој ја испрати со силен удар зад грбот на Бускан.

Ова беше конечниот резултат на мечот во Лисабон.

Од оваа група,  понатаму одат Баерн и Бенфика, Барселона го продолжува натпреварувањето во Лига Европа, додека Динамо нема да презими во Европа.